A A A A A
Bible Book List

2 Коринќаните 2Macedonian New Testament (MNT)

Решив да не ве нажалам со уште една болна посета. Ако јас вас ве натажам, кој мене ќе ме развесели? Зар тие кои штотуку сум ги натажил? Затоа така ви напишав во моето претходно писмо, та кога ќе дојдам да не ме нажалат оние кои одвај чекам да ме зарадуваат. Уверен сум дека знаете оти кога сте среќни вие, среќен сум и јас. Колку тешко ми беше да ви го напишам претходното писмо! Ви пишував длабоко нажален, со болка во срцето и со солзи во очите. Не сакав да ве повредам. Сакав само да сфатите колку е голема мојата љубов спрема вас.

Треба да му се прости на тој што згрешил

Не претерувам ако речам дека човекот што ја направи целава оваа невола повеќе ве нажали сите вас, отколку мене. Но повеќето од вас се усогласивте по ова прашање и казната што му ја изрековте е доволна. Сега треба да му простите и да го утешите, за да не биде толку повреден што нема да биде во состојба духовно да се врати и да закрепне. Затоа, ве молам, покажете му на тој човек дека се уште го сакате!

Ви го пишувам ова бидејќи сакам да ве проверам и да видам дали сте подготвени да се придржувате до сите мои упатства. 10 А на тој на кого вие ќе му простите, му простувам и јас. А тоа што јас веќе сум простил, ако воопшто сум имал нешто за простување, тоа е за ваша полза пред Христос. 11 Ако не постапуваме така, Сатаната ќе не надмудри, а знаеме какви се неговите намери!

Апостолската служба

12 Кога пристигнав во Троада[a] за да ја проповедам Радосната вест за Христос, видов како Господ пред мене отвора ново поле за работа. 13 Но немав душевен мир, бидејќи мојот драг пријател Тит не се беше вратил откај вас. Затоа, се збогував со луѓето во Троада и заминав за Македонија, за таму да се сретнам со Тит.

14 Но, благодарни сме Му на Бог, Кој, на чело со Христос, секогаш не води во победа. Преку нас Тој насекаде ја шири вистината за Христос, како што се шири миризливоста од пријатен мирис. 15 За Бог ние сме како пријатен мирис што го приближува Христос кон сите: и кон оние што Го прифаќаат и се спасуваат, и кон оние што Го одбиваат и пропаѓаат. 16 За жал, на оние што Го одбиваат Христос, овој мирис ќе им биде смртна пресуда. На оние, пак, што Го прифаќаат Христос, ние сме им како најпријатен мирис што им носи вечен живот. Кој е способен да извршува ваква служба? 17 Ние не сме трговци - а такви ги има многу - што се обидуваат да заработат пари од проповедање на Божјото Слово! Ние проповедаме за Христос искрено, како што Бог сака. Нас Бог не испрати и Тој не надгледува.

Footnotes:

  1. 2 Коринќаните 2:12 Антички град во Азија, во пределот на денешна Турција, недалеку од тогаш веќе разурнатата Троја, позната од Хомеровото дело Илијада и Одисеја. Види ја картата на почетокот на Делата на апостолите.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes