A A A A A
Bible Book List

2 Коринќаните 10Macedonian New Testament (MNT)

Павле зборува за овластувањата што ги има од Бог

10 Сега јас, Павле, лично ве молам со кроткост и љубезност какви што би покажал Христос, да ме послушате, иако некои од вас зборувале дека сум бил строг, кога сум далеку од вас, а малодушен кога сум кај вас. Не би сакал да бидам принуден да покажам строгост спрема оние што тврдат дека нас не водат телесни мотиви. Ние сме од крв и месо, ама не војуваме со телесни, световни методи. Не сме вооружени со човечки оружја, туку со моќните Божји оружја. Со нив ги уриваме сатанските упоришта и ги соборуваме сите зли мудрувања и се друго што ги попречува луѓето да Го запознаат Бога. Ја поразуваме секоја бунтовна човечка мисла и ја учиме да Му биде послушна на Христос. Ние сме готови да ги казниме оние што не се послушни во се, но дури откако вие ќе покажете дека сте целосно послушни.

Многу површно гледате на работите[a]! Треба да ви биде јасно дека и ние Му припаѓаме на Христос исто толку колку што за себе го тврдат тоа оние што гордо изјавуваат дека се Христови! Дури и ако претерано сум го истакнувал авторитетот што Господ ни го даде, јас од тоа не се срамам, бидејќи тоа било за да ве изградуваме, а не да ве уриваме.

Не сакам да звучи како да се обидувам да ве заплашам со моите писма. 10 Слушам дека некои велат за мене: „Неговите писма се сериозни и строги, но кога е овде кај нас, тој е слаб и неговите говори се безвредни!“ 11 На таквите луѓе им порачуваме дека онакви какви што сме на зборови, во нашите писма, сега кога не сме кај вас, исти такви ќе бидеме и на дела, кога ќе дојдеме кај вас!

Против самофалби

12 Ние не се ни осмелуваме да се изедначуваме или споредуваме со оние што имаат толку високо мислење за себе. Тие постапуваат неразумно, зашто се вреднуваат себеси со свои мерки па испаѓа дека се споредуваат сами со себе!

13 А ние не сакаме да се фалиме без мера, туку исклучиво според мерката што ни ја даде Бог, а таа мерка е да допреме до сите луѓе, па и до вас. 14 Ние не го протегаме своето дејствување на места кои не сме ги досегнале; всушност, ние први стигнавме до вас, проповедајќи ви ја Радосната вест од Христос. 15 Така, ние не се фалиме со плодови околу кои други се труделе, туку се надеваме дека вашата вера ќе зајакне, па да можеме и да ја прошириме својата работа во вашиот крај, 16 а потоа да ја проповедаме Радосната вест и на други места, подалеку од вас, каде што никој претходно не проповедал. Така нема да може да ни се приговори дека се фалиме со резултати што некој друг ги постигнал.

17 Но, Светото Писмо вели:

„Ако некој се фали,

нека се фали со она што Господ го прави[b]!“

18 Зашто кога некој сам себеси се фали, тоа не е вистинска препорака. А кога Господ некого ќе пофали, таквиот навистина е достоен.

Footnotes:

  1. 2 Коринќаните 10:7 Или: Видете го она што е очигледно.
  2. 2 Коринќаните 10:17 Цитат од Еремија 9:24.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes