A A A A A
Bible Book List

2 ЈованMacedonian New Testament (MNT)

Второ писмо од апостол

Јован

Авторство и поздрави

Од старешината Јован,

до почитуваната госпоѓа и до нејзините деца[a]. Имам искрена љубов спрема вас, каква што имаат и сите други што ја знаат Божјата вистина, онаа вистина што живее во нас и што ќе биде со нас засекогаш.

Бог Таткото и Неговиот Син, Исус Христос, нека ни бидат благонаклонети, нека ни бидат милостиви и нека ни дадат мир, за да останеме на страната на вистината и да живееме во љубов.

Поттик на меѓусебна љубов

Многу се израдував кога дознав[b] дека некои од вашите деца се на вистинскиот пат и се придржуваат до заповедта што ни беше дадена од небесниот Татко. Сега, драга госпоѓо, јас не ви пишувам некоја нова заповед, туку ве молам да се придржувате кон заповедта што ја имаме уште од почетокот: да покажуваме љубов еден спрема друг. А љубовта се докажува преку придржување до Божјите заповеди. Заповедта да покажуваме љубов еден спрема друг ја слушнавме уште од самиот почеток и до неа треба да се придржуваме.

Предупредување за појавата на измамници

Многу измамници се појавија на овој свет. Не признаваат дека Исус Христос дојде на овој свет во човечко тело. Секој што зборува така е измамник и антихрист. Чувајте се, за да не го загубите она за што се трудевме[c]. Борете се да ја добиете целосната награда! Секој што отстапува и не се држи до Христовото учење нема заедништво со Бог. Оној што се држи до Христовото учење има заедништво со небесниот Татко и со Синот - Христос.

10 Ако некој дојде кај вас, и не го носи Христовото учење, немојте да го примате во вашите домови, немојте дури ни добредојде да му посакате. 11 Оној што ќе му посака добредојде станува соучесник во неговите зли дела.

Заклучок

12 Имам уште многу да ви кажам, но не сакам тоа да го сторам вака, со перо и мастило, туку се надевам дека ќе дојдам кај вас и се што имам да ви кажам, ќе ви кажам лице в лице. Верувам дека тоа ќе биде обострано задоволство.

13 Ве поздравуваат децата на вашата сестра[d], одбрана од Бог.

Footnotes:

  1. 2 Јован 1:1 Или: До црквата, избрана од Бог и до нејзините членови. Или: До избраната Кирија и нејзините деца.
  2. 2 Јован 1:4 Или: се запознав со некои од вашите деца и дознав.
  3. 2 Јован 1:8 Според некои ракописи: за што се трудеше.
  4. 2 Јован 1:13 Или: сестринска црква.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes