A A A A A
Bible Book List

1 Тимотеј 6Macedonian New Testament (MNT)

За робовите

- христијани Христијаните кои се затекнале како робови треба искрено да ги почитуваат своите господари. Во спротивно, ќе дадат повод да се зборува лошо за Бог и за нашето учење. Оние, пак, чии господари се христијани не треба поради тоа помалку да ги почитуваат. Напротив, треба да им служат најдобро што знаат и умеат, бидејќи со тоа му помагаат на својот брат по вера, што треба да го сакаат. Така треба да ги поучуваш и да ги советуваш.

Алчни вероучители - Опасности од алчноста за пари

Секој што поучува поинаку, му се противставува на здравото учење на нашиот Господ Исус Христос, кое е основа на побожноста. Таквите учители горделиво се самозалажуваат, а ништо не им е јасно. Имаат нездрава желба да се расправаат, за збор да се фаќаат, а од тоа произлегуваат завист, кавги, навреди, опасна недоверба и постојани расправии. Нивните умови се изопачени и тие не ја разбираат вистината. Мислат дека верата е средство за лично богатење.

Да, верата е навистина големо богатство, бидејќи те учи да бидеш задоволен со тоа што го имаш. Со празни раце доаѓаме на овој свет и кога ќе го напуштиме ништо не можеме да понесеме со себе. Ако имаме храна и облека, треба да бидеме задоволни. Оние што сакаат да бидат богати паѓаат во сите можни искушенија и стапици. Стануваат робови на неразумни и опасни страсти што на крајот ќе ги доведат до питачки стап и целосна пропаст. 10 Алчноста за пари е корен на сите зла. Некои луѓе се толку алчни по пари, што дури и од верата скршнаа и си нанесоа[a] многубројни болки.

Упатства за Божјите луѓе

11 Тимотеј, ти си Божји човек, затоа бегај од тие зла! Труди се да бидеш праведен, побожен, верен, да ги сакаш луѓето, да бидеш трпелив и кроток. 12 Бори се храбро за верата и држи се цврсто за неа, за да добиеш вечен живот. Токму за тоа Бог те одбра и ти веќе пред многу луѓе даде исклучително добро сведоштво! 13 Пред Бог, Кој му дава живот на се што постои, и пред Исус Христос, Кој даде добро сведоштво пред Понтиј Пилат, те задолжувам 14 беспрекорно да се придржуваш до сите заповеди, та никој да не може да ти најде мана, се до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос.

15 Бог е нашиот единствен Владетел,

Цар на царевите и Господар на господарите.

Во определеното време Тој

пак ќе Го испрати Исус Христос кај нас.

16 Само Бог е бесмртен.

Тој живее во светлина

во која никој не може да Му пријде!

Човечко око не Го видело, ниту може да Го види.

Сета почит и власт Му припаѓаат Нему. Амин!

17 Предупреди ги богатите на овој свет да не ги обзема горделивост, ниту да се надеваат на своето богатство што лесно можат да го загубат! Кажи им да се потпрат на Бог, Кој обилно ни дарува се што ни е потребно за да уживаме во животот. 18 Советувај ги да прават добри дела, да помагаат, да бидат дарежливи, решени да го делат со другите луѓе она што го имаат. 19 Така ќе постават солиден темел за својата иднина, ќе се стекнат со вистински живот.

20 Тимотеј, чувај го тоа што ти го доверил Бог! Не учествувај во непристојни и празни разговори, во расправи за она што лажно се нарекува ‚знаење[b]‘. 21 Некои луѓе скршнаа од верата, поведувајќи се по такви работи.

Бог нека ви биде благонаклонет!

Footnotes:

  1. 1 Тимотеј 6:10 Буквално: се избоцкаа со многу таги.
  2. 1 Тимотеј 6:20 На грчки: гносеос. Гностицизмот бил филозофско движење во раното христијанство и претставувал мешаница на христијанството со грчките и источните идеологии.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes