A A A A A
Bible Book List

1 Тимотеј 5Macedonian New Testament (MNT)

Спрема постари[a] луѓе не покажувај грубост, туку обраќај им се како што би му се обратил на сопствениот татко. Спрема тие што се помлади од тебе однесувај се како да ти се браќа. Спрема постарите жени однесувај се како да ти се мајки, а спрема помладите, твојот однос треба да биде чист, како спрема сестри.

Грижи се за оние вдовици за кои навистина нема кој друг да се грижи. Ако вдовицата има деца или внуци, тие нека се учат да се грижат за оние што им се семејство, исто како што родителите се грижеле за нив. Нека ја покажат својата побожност најпрво спрема своето семејство. Тоа е она што Бог го бара од нив.

Вистинска вдовица е онаа што нема роднини, што верува во Бог, Му се моли дење и ноќе, и бара помош од Него. Онаа вдовица што живее само за задоволства, духовно е мртва уште додека е жива. Пренеси им ги овие упатства, за да не грешат.

Христијаните што не се грижат за своите роднини, а посебно за членовите на сопственото семејство, ја омаловажуваат верата! Тие се полоши и од неверниците!

Секоја вдовица за која ќе се грижи црквата треба да ги исполнува следниве услови: да има најмалку шеесет години, да му била верна на својот сопруг[b], 10 да се има докажано со правење добри дела, со одгледување деца, со гостољубивост спрема патници, со понизна услужливост спрема вистинските христијани[c], со тоа што им помагала на луѓето во невола и секогаш била посветена на правење добри дела.

11 Помлади вдовици не ставај на списокот. Ако телесните страсти ја надвладеат нивната посветеност спрема Христос, тие ќе посакаат повторно да се омажат. 12 Така ќе го прекршат ветувањето што претходно го дале. 13 Освен тоа, тие можат да станат мрзливи и да им стане навика да одат од куќа во куќа. Не само тоа, туку можат да почнат да озборуваат, да прават сплетки и да зборуваат работи што не им прилегаат.

14 Затоа, мој совет е помладите вдовици повторно да се омажат, да раѓаат деца и да се грижат за сопствените семејства. Така противникот ќе нема повод да ги клевети. 15 За жал, некои вдовици веќе скршнаа и му станаа следбенички на Сатаната.

16 Ако некоја христијанка има роднини што се вдовици, нека им помага, а не да ги остава на товар на црквата, која треба да им помага на оние вдовици за кои нема кој да се грижи.

17 Старешините на црквата што добро си ја вршат работата заслужуваат да добиваат двојно поголема плата, посебно ако проповедаат и поучуваат. 18 Така вели и Светото Писмо: „Не врзувајте му ја муцката на добичето што врши жито[d]“, и „Секој што работи, заслужува да добие и плата[e].“

19 Ако некој сака да обвини старешина во црквата мора да има најмалку двајца или тројца сведоци. Во спротивно, немој да го слушаш. 20 Оние што грешат, искарај ги јавно, па и другите да извлечат поука.

21 Пред Бог, пред Исус Христос и пред светите ангели, најсериозно те задолжувам да се придржуваш до упатствата што ти ги дадов! Немој да правиш дискриминација и да бидеш пристрастен!

22 Не избрзувај да ракополагаш луѓе за Божја служба! Не соучествувај во туѓи гревови! Чувај се да останеш чист!

23 Не пиј веќе само вода. Пиј по малку и вино, заради твојот стомак и болестите што често те мачат.

24 Казната за гревовите на некои луѓе е очигледна, а кај други гревовите и казната ќе станат очигледни дури по извесно време. 25 Така е и со добрите дела. Некои се очигледни, но и оние што не се нема да останат скриени.

Footnotes:

  1. 1 Тимотеј 5:1 Или: црковни старешини. Во оригиналот: презвитери.
  2. 1 Тимотеј 5:9 Буквално: да била жена само на еден маж.
  3. 1 Тимотеј 5:10 Буквално: ако им ги миела нозете на светиите.
  4. 1 Тимотеј 5:18 5 Мој. 25:4.
  5. 1 Тимотеј 5:18 Лука 10:7.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes