A A A A A
Bible Book List

1 Тимотеј 1Macedonian New Testament (MNT)

Прво писмо од апостол Павле до

Тимотеј

Авторство и поздрави

Од Павле,

апостол на Исус Христос, назначен по заповед на Бог, нашиот Спасител, и на Христос, нашата надеж:

До Тимотеј, кој заради заедничката вера ми е како син.

Ти посакувам Бог Таткото и нашиот Господ Исус Христос да ти бидат благонаклонети, да покажат милост спрема тебе и да ти дадат мир.

Предупредување против изопачените учења

Кога заминував за Македонија те замолив да останеш во Ефес и да предупредиш одредени луѓе таму да престанат да шират изопачени учења, да престанат да си го губат времето со митови и со бескрајни родослови. Со такви нешта само предизвикуваат расправии, а не водат до Божјиот план, кој може да се осознае само преку вера.

Целта на нашето предупредување е тамошните христијани да научат да сакаат искрено и од се срце, да имаат чиста совест и искрена вера. Некои учители застранија од ова и се свртеа кон празни мудрувања. Сакаат да бидат учители на Мојсеевиот Закон, а не го разбираат ниту она што го зборуваат, ниту пак она што го тврдат со толкава самоувереност!

Намената на законите

Ние знаеме дека, ако правилно се применуваат, законите се добри. Но го знаеме и тоа дека законите не постојат за да ги контролираат праведните луѓе, туку да ги одвраќаат престапниците, бунтовниците, безбожниците и грешниците. Тие постојат заради луѓе на кои ништо не им е свето, луѓе што сквернават се што ќе стигнат, убијци што се во состојба да си ги убијат дури и сопствените родители! 10 Законите се напишани заради блудните луѓе, заради полово изопачените, трговците со робови, лажговците и оние што не си ги почитуваат заклетвите. Тие постојат заради сите оние што му се противставуваат на правилното учење 11 што произлегува од величествената Радосна вест која ми ја довери нашиот прекрасен Бог.

Благодарност за Божјата милост

12 Благодарен сум Му на нашиот Господ Исус Христос, Кој сметаше дека може да има доверба во мене и ми даде сила да ја вршам оваа работа. 13 Јас зборував навредливи нешта за Него, безобѕирно ги прогонував Неговите следбеници, но Тој се смилува над мене, зашто знаеше дека тоа се случуваше пред да поверувам и не бев свесен што правам. 14 Каква огромна благонаклоност покажа нашиот Господ спрема мене! Целосно ме исполни со вера и љубов каква што има Исус Христос.

15 „Исус Христос дојде на овој свет за да ги спаси грешните.“ Оваа вистина сите треба да ја прифатиме со целосна доверба. Јас сум најголемиот грешник од сите! 16 Но токму заради тоа Бог се смилува над мене и преку мојот пример покажа колку Исус Христос е трпелив со нас грешните. Така и други луѓе ќе сфатат дека и тие можат да поверуваат во Него и да добијат вечен живот. 17 На вечниот Цар, бесмртен и невидлив, на единствениот Бог, да Му оддадеме слава и почит за вечни времиња! Амин.

18 Тимотеј, сине мој, упатствата што ти ги давам се засновани врз пророштвата што претходно се дадени за тебе. Нека те поттикнуваат да се бориш како добар војник, 19 да бидеш верен и да имаш чиста совест. Некои луѓе доживеаја бродолом во својата вера, бидејќи не си ја слушаа совеста. 20 Тоа им се случи на Именеј и на Александар. Тие луѓе му ги препуштив на Сатаната, за да се научат да не зборуваат навредливо за Бог.

Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes