A A A A A
Bible Book List

1 Коринќаните 16Macedonian New Testament (MNT)

Доброволни прилози за ерусалимската црква

16 А сега нешто во врска со доброволните прилози за христијаните во Ерусалим. Она што им го кажав на црквите во Галатија важи и за вас. Секој прв ден во неделата, секој од вас нека издвои на страна дел од она што го заработил и нека го чува кај себе, за да не собирате прилози дури кога јас ќе дојдам. Кога ќе пристигнам, ќе испратиме луѓе што вие ги сметате за достојни да го однесат во Ерусалим она што вие со љубов ќе го подарите, а ќе составиме и пригодни писма. Ако можам да појдам и јас, ќе отпатуваме заедно.

Завршни упатства

Ќе дојдам кај вас откако најпрво ќе ја посетам Македонија, зашто планирам да патувам преку Македонија. Ќе останам кај вас извесно време, можеби и целата зима, а потоа ќе ме испратите на моето следно патување. Не сакам да ве посетам сега, само на минување, туку сакам, ако Господ допушти, да останам кај вас извесно време. Ќе останам во Ефес се до Духовден[a], зашто за мене овде се отвори широко поле за работа и се надевам на успех, иако има и многумина што ми се противставуваат.

10 Ако дојде Тимотеј, погрижете се да му обезбедите спокоен престој кај вас, бидејќи и тој работи за Господ, како што работам и јас. 11 Никој да не го потценува, туку испратете го со мир, за да дојде кај мене, зашто јас и браќата го чекаме.

12 Во врска со братот Аполос, јас многу го молев да дојде кај вас, заедно со другите браќа христијани, но тој не сакаше да тргне кај вас сега. Ќе дојде тогаш кога ќе има можност.

13 Бидете постојано будни и непоколебливи во она што го верувате; бидете храбри и силни. 14 Се што работите нека биде со љубов.

15 Сега, драги мои, ве молам за семејството на Стефан, првиот христијанин во Ахаја, кој се стави во служба на верните. 16 Слушајте ги таквите водачи како него и оние што работат и се трудат со него.

17 Многу се радувам што Стефан, Фортунат и Ахаик дојдоа кај мене, зашто така ми се пополни празнината што ја чувствувам за вас. 18 Тие ни донесоа утеха и поттик и мене и вам. Таквите луѓе заслужуваат посебно признание.

Поздрави

19 Ве поздравуваат црквите од покраината Азија[b]. Акила и Приска, заедно со оние што се собираат во нивниот дом, од се срце ве поздравуваат. 20 Ве поздравуваат сите христијани. Поздравете се најсрдечно[c] еден со друг.

21 Со своја рака ви пишувам: поздрави од мене, Павле.

22 Проклет нека биде оној што нема љубов спрема Господ! Мараната[d] (Дојди Господе!)! 23 Господ Исус нека ви биде благонаклонет. 24 Ве сакам сите што сте следбеници на Исус Христос[e].

Footnotes:

  1. 1 Коринќаните 16:8 Во оригиналот: Педесетница.
  2. 1 Коринќаните 16:19 Во тоа време под Азија се подразбирала римската провинција во денешна западна Турција.
  3. 1 Коринќаните 16:20 Буквално: со свет бакнеж.
  4. 1 Коринќаните 16:22 Од арамејски: марана та.
  5. 1 Коринќаните 16:24 Во некои ракописи на крајот има и: Амин.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes