A A A A A
Bible Book List

1 Јован 5Macedonian New Testament (MNT)

Верата победува

Секој што верува дека Исус е Месијата[a], е препородено Божјо чедо. Секој што го сака Родителот, ќе ги сака и Неговите чеда. По што знаеме дека ги сакаме Божјите чеда? По тоа што Го сакаме Бога и ги извршуваме Неговите заповеди. Да Го сакаме Бога значи да се придржуваме до Неговите заповеди без тие да ни претставуваат бреме.

Секој што е препородено Божјо чедо може да надвладее против светот. Таа победа против светот се постигнува преку вера во Христос. Кој друг ќе го победи овој свет, ако не оние што веруваат дека Исус е Божјиот Син!?

Тројно сведоштво за Исус

Христос ни беше објавен како Божји Син преку Неговото крштавање во водата и преку пролевањето на Неговата крв на крстот[b]. Не само преку вода, туку преку вода и крв. Светиот Дух ни сведочи за тоа, а Нему може да Му се верува. Значи постојат тројца сведоци[c]: Духот, водата и крвта, и сведоштвата на сите тројца сведоци се совпаѓаат.

Ако прифаќаме сведочење од човек, Божјото сведоштво е уште посилно. Затоа ние го прифаќаме она што Бог ни го сведочи за Својот Син. 10 Секој што верува во Божјиот Син, го има ова сведоштво во своето срце. Оние што не Му веруваат на Бог, Го прогласуваат Бога за лажливец, бидејќи не Му веруваат на сведоштвото што го даде Тој за Својот Син.

11 Сведоштвото кажува дека Бог ни даде вечен живот и тој живот доаѓа од Неговиот Син. 12 Кој го има Божјиот Син, има вечен живот. Кој го нема Божјиот Син, нема вечен живот.

Одговор на молитви

13 Ова ви го напишав за да знаете дека вие што верувате во името на Божјиот Син имате вечен живот. 14 Заради тоа ние имаме доверба во Бог и знаеме дека кога молиме нешто што е во согласност со Неговата волја, Тој ќе ни го исполни. 15 Знаеме дека кога се молиме Тој не слуша и сигурни сме дека на нашите молитви ќе добиеме одговор.

16 Ако некој од вас гледа дека некој христијанин прави грев што не е за смрт, нека се помоли и Бог ќе му даде живот на оној што згрешил. Ова се однесува на гревови што не се смртоносни. Постои и смртоносен грев и јас не велам дека треба да се молите за оние што го извршиле тој грев. 17 Секоја неправедност е грев, но секој грев не е смртоносен.

18 Знаеме дека ниедно Божјо чедо не продолжува постојано да греши, бидејќи Божјиот Син[d] го чува и Ѓаволот не може да допре до него.

19 Ние, христијаните, знаеме дека потекнуваме од Бог, а световните луѓе се под власта на Ѓаволот. 20 Знаеме и дека Божјиот Син дојде и ни даде разум за да Го препознаеме вистинскиот Бог. Затоа ние сме во единство со вистинскиот Бог и со Неговиот Син, Исус Христос. Тој е вистинскиот Бог, Тој е вечниот живот.

21 Чеда Божји, чувајте се од идоли[e]!

Footnotes:

  1. 1 Јован 5:1 На грчки: Христос.
  2. 1 Јован 5:6 Буквално: Тој дојде преку вода и крв.
  3. 1 Јован 5:7 Некои подоцнежни ракописи додаваат: на небо - Таткото, Зборот и Светиот Дух, и тие Тројца се едно. Овде на Земјата имаме тројца сведоци.
  4. 1 Јован 5:18 Буквално: бидејќи родениот од Бог... Веројатно се однесува на Христос. Алтернативно, ако се однесува на христијанин, овој стих би гласел: ...родениот од Бог се чува себеси и Ѓаволот не може да допре до него.
  5. 1 Јован 5:21 Преносно: од се што може да го истисне Бога од вашите срца, од она што може да ви стане бог наместо вистинскиот Бог.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes