A A A A A
Bible Book List

Лука 21Macedonian New Testament (MNT)

Прилогот на сиромашната вдовица

(Марко 12:41-44) 21 Кружејќи со погледот, Исус виде како богатите ставаат големи парични прилози во храмот. Потоа виде и една сиромашна вдовица која стави само две бакарни парички[a], па рече: „Ве уверувам дека оваа сиромашна вдовица даде поголем прилог од сите, бидејќи, сите други дадоа прилози за храмот од вишокот што го имаат, а таа, и покрај својата сиромаштија, ја даде сета своја животна издршка.“

ИСУС ЈА ПРЕТСКАЖУВА ИДНИНАТА НА СВЕТОТ

1. Разурнувањето на храмот

(Матеј 24:1-2; Марко 13:1-2) Бидејќи некои луѓе зборуваа за храмот, за неговите украсни камења и за подарените работи во него, Исус рече: „Доаѓа време кога од сето ова што го гледате ниеден камен нема да остане на своето место - сe ќе биде разурнато!“

2. Појавата на лажни Месии

(Матеј 24:3-14; Марко 13:3-13) Тогаш тие Го прашаа: „Учителе, кога ќе се случи тоа? По што ќе се познае дека тоа ќе почне да се исполнува?“ А Тој им рече: „Чувајте се да не бидете заведени. Мнозина ќе се појават под Моето име и ќе тврдат: ,Јас сум вистинскиот Месија!‘ и ,Дојде времето!‘ Не одете по таквите!“

3. Војни и прогонства

„Нека не ве обзема паника кога ќе чуете за војни и револуции! Сето тоа ќе мора да се случи во почетокот, но тоа не е крајот.“

10 Потоа Тој продолжи: „Ќе се кренат народи и ќе војуваат едни против други, едно царство против друго. 11 Ќе има силни земјотреси, а на разни места ќе има глад и смртоносни епидемии. На небото ќе се јавуваат необични и страшни појави.

12 Но пред сето ова, вас ќе ве апсат и ќе ве прогонуваат. Ќе ве водат на судење по синагогите и ќе ве затвораат. Ќе ве изведуваат пред цареви и владетели, поради вашата вера во Мене. 13 Но тоа ќе бидат можности за вас, да посведочите за Радосната вест. 14 Запомнете дека не треба да се грижите како ќе се браните, 15 зашто Јас ќе ви дадам такви зборови и мудрост на кои вашите противници не ќе можат да им противречат и да им се противставуваат.

16 А ќе ве предаваат и вашите сопствени родители, браќа, роднини и пријатели. Некои од вас ќе бидат и погубени. 17 Сите ќе ве замразат поради вашата вера во Мене. 18 Но, ни влакно од главата нема да ви падне. 19 Останете непоколебливи и ќе ги спасите своите души.“

4. Разурнувањето на Ерусалим

(Матеј 24:15-21; Марко 13:14-19) 20 „Кога ќе го видите Ерусалим опколен од војски, знајте дека наскоро тој ќе биде разурнат. 21 Тогаш тие што ќе се најдат во Јудеја нека бегаат во планините! Тие што се во Ерусалим нека излезат од него! Тие што ќе бидат по нивите нека не се враќаат во градот! 22 Зашто, тоа ќе биде време на Божја казна и ќе се исполни сe што е запишано за тоа во Светото Писмо.

23 Тоа ќе биде посебно тешко време за трудниците и за доилките, зашто големо страдање ќе ја зафати оваа земја и Божјиот гнев ќе се урне врз овој народ! 24 Едни ќе бидат со меч убиени, други ќе бидат одведени како робови меѓу сите народи. А Ерусалим ќе го газат туѓи, нееврејски народи, додека не помине нивното време.“

5. Враќањето на Исус Христос

(Матеј 24:29-35; Марко 13:24-31) 25 „Необични појави ќе има на Сонцето, на Месечината и на ѕвездите. На Земјата цели народи ќе бидат потиштени и исплашени пред неизвесноста и бучавата на морето и разбеснетите бранови. 26 Луѓето ќе премираат од страв, во исчекување на она што ќе го снајде светот, зашто и вселенските сили ќе отстапат од законитоста по која дејствуваат.

27 Тогаш ќе Го видат Синот Човечки[b], како доаѓа на облак со величествена моќ и слава! 28 Кога сето ова ќе почне да се случува, исправете се со кренати глави, зашто вашето спасение е сосема близу!“

29 Потоа Исус им ја кажа оваа споредба: „Имајте ги предвид смоквите и другите дрвја. 30 Кога ќе забележите дека разлистуваат, знаете дека се приближува летото. 31 Така, кога ќе видите дека сите овие работи почнуваат да се случуваат, ќе знаете дека Божјото царство наближува.

32 Ве уверувам, дека оваа генерација[c] нема да изумре, додека сето ова не се исполни. 33 Небото и Земјата ќе исчезнат, но Моите зборови ќе останат засекогаш.“

Повик на будност

34 „Чувајте се да не се занесете во прослави, во пиење или во прекумерни грижи за овој живот, зашто Оној ден ќе ве затекне ненадејно, 35 како замка што ќе дојде по сите луѓе, во целиот свет! 36 Бидете на штрек и молитва во секое време, за да имате сили успешно да го пребродите сето ова што ќе се случи и да застанете исправени пред Синот Човечки[d].“

37 Дење Исус поучуваше во храмот, а ноќите ги минуваше на Маслиновата Гора. 38 И сиот народ, уште рано наутро доаѓаше во храмот, за да Го слуша Исуса.

Footnotes:

  1. Лука 21:2 Буквално: две лепти. Мала сума пари.
  2. Лука 21:27 Синот Човечки е Исус. Види фуснота за 5:24.
  3. Лука 21:32 Или: овој век, овој народ.
  4. Лука 21:36 Тоа е Исус Христос. Види фуснота за 5:24.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes