A A A A A
Bible Book List

Лука 18Macedonian New Testament (MNT)

За упорноста во молитвите

18 Потоа Исус им ја кажа следнава споредба, за да им покаже дека треба постојано да се молат и да не се обесхрабруваат.

„Во еден град имаше судија кој немаше ни страхопочит спрема Бог, ни срам од луѓето. Во истиот град имаше и една вдовица, која честопати доаѓаше кај него и го молеше: ,Заштити ме од мојот противник!‘ Судијата долго време не преземаше ништо, но најпосле си рече: ,Иако јас немам ни страхопочит спрема Бог, ни срам од луѓето, сепак, заради упорноста на оваа жена ќе се заложам за неа, за да престане да доаѓа и да ми додева!‘“

Во продолжение, Господ рече: „Чувте ли што рекол неправедниот судија? Зар нема и Бог да се заземе за Своите луѓе, кои Му се молат дење и ноќе!? Зар ќе задоцни со Својата помош? Ве уверувам дека Тој брзо ќе се заземе за нив! Само, ќе најдам ли Јас, Синот Човечки, луѓе што ќе имаат вера кога ќе се вратам на Земјата?“

За молитвите на фарисејот и на даночникот

За оние што беа самоуверени во својата праведност и ги потценуваа другите, Исус ја кажа следнава споредба:

10 „Двајца мажи влегоа во храмот да се молат; едниот беше фарисеј, а другиот собирач на данок[a]. 11 Горделивиот фарисеј стоеше одвоено и се молеше вака: ,Ти благодарам, Боже, што јас не сум грешник, како што се другите луѓе: разбојници, нечесни, прељубници; ниту пак како овој собирач на данок, овде! 12 Двапати неделно постам и во храмот давам десеток од сите мои приходи!‘

13 А собирачот на данок стоеше подалеку и не се осмелуваше ни да погледне кон небото, туку се удираше во градите и се молеше вака: ,Боже! Имај милост спрема мене, зашто јас сум грешник!‘ 14 Ве уверувам дека собирачот на данок, а не фарисејот, си замина оправдан пред Бога! Зашто, оној што се крева на големо - ќе биде понижен, а оној што се понизува - ќе биде издигнат!“

Исус ги благословува децата

(Матеј 19:13-15; Марко 10:13-16) 15 Некои луѓе Му ги носеа на Исус своите дечиња, за да ги благослови, полагајќи раце врз нив. Кога Исусовите ученици го видоа тоа, почнаа да ги одвраќаат, 16 но Исус ги повика децата кај Себе и рече: „Пуштете ги децата да доаѓаат кај Мене и не спречувајте ги, зашто Божјото царство им припаѓа на таквите како нив! 17 Ве уверувам дека тие што нема да го прифатат Божјото царство како малите деца - нема да влезат во него!“

Богатството како пречка

(Матеј 19:13-15; Марко 10:17-31) 18 Еден од еврејските старешини Го праша Исуса: „Добар Учителе! Што треба да сторам за да се здобијам со вечен живот?“ 19 Исус му одговори: „Зошто Ме нарекуваш ,добар‘? Само Бог е добар и никој друг. 20 Заповедите ги знаеш: ,Не врши прељуба, не убивај, не кради, не обвинувај лажно, почитувај ги татка си и мајка си[b] ...‘“

21 Човекот одговори: „Спрема сите овие заповеди се придржувам уште од својата младост.“ 22 Слушајќи го ова, Исус му рече: „Ти недостасува уште само една работа: продај сe што имаш, раздели им ги парите на сиромасите, а ти ќе имаш богатства на небото. Потоа, дојди и биди Мој следбеник.“ 23 Кога го чу ова, човекот се разочара, зашто беше многу богат.

24 Забележувајќи дека човекот се разочара, Исус рече: „Колку е тешко богат човек да влезе во Божјото царство! 25 Полесно ќе се спровре камила низ иглени уши, отколку богат човек да влезе во Божјото царство!“

26 Тие што Го слушаа, Го запрашаа: „Тогаш, кој може да се спаси!?“ 27 Исус им одговори: „Тоа што не можат да го сторат луѓето, може да го стори Бог.“ 28 Тогаш Петар Му рече: „Ете, ние оставивме сe што имавме и станавме Твои следбеници!“ 29 Исус одговори: „Ве уверувам дека секој што оставил куќа, жена, браќа, родители или деца заради Божјото царство, 30 ќе добие многу повеќе, уште на овој свет, а и вечен живот на идниот свет!“

Исус третпат ја претскажува Својата смрт

(Матеј 20:17-19; Марко 10:32-34) 31 Потоа Исус ги поведе со Себе дванаесеттемина Свои ученици и им рече: „Слушајте! Сега ќе влеземе во Ерусалим, каде што за Синот Човечки[c] ќе се исполни сe што претскажале пророците. 32 Тој ќе им биде предаден на Римјаните кои ќе Го исмеваат, ќе Го навредуваат и ќе Го плукаат, 33 ќе го камшикуваат и ќе Го погубат, но на третиот ден Тој ќе воскресне.“ 34 Меѓутоа, учениците не разбраа ништо од ова; овие зборови им звучеа таинствено и им остана нејасно, што сакаше Исус да им каже.

35 Кога Исус се доближи до градот Јерихо, крај патот седеше еден слеп човек и просеше. 36 Кога слепиот слушна дека крај него минува толпа народ, запраша: „Што се случува?“ 37 Тие му одговорија: „Минува Исус од Назарет!“ 38 Тогаш слепиот повика: „Исусе, Сине Давидов, имај милост спрема мене!“ 39 Минувачите го замолкнуваа, но тој викаше уште погласно: „Исусе, Сине Давидов, имај милост спрема мене!“ 40 Исус запре и заповеда да Му го донесат слепиот. Кога се доближи, Исус го праша: 41 „Што сакаш да сторам за тебе?“ Тој одговори: „Да прогледам, Господе!“

42 Исус му рече: „Прогледај! Твојата вера те исцели!“ 43 Во истиот миг, човекот прогледа и Му се придружи на Исус, славејќи Го Бога, а и сиот народ, кога го виде ова, Му оддаваше слава на Бог.

Footnotes:

  1. Лука 18:10 За фарисеите види фуснота кај 5:17, а за наплатувачите на данок во 5:27.
  2. Лука 18:20 Цитирани се дел од 10-те Божји заповеди од 2 Мој. 20:12-16 и 5 Мој. 5:16-20.
  3. Лука 18:31 Синот Човечки е Исус. Види фуснота во 5:24.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

Luke 18New International Version (NIV)

The Parable of the Persistent Widow

18 Then Jesus told his disciples a parable to show them that they should always pray and not give up. He said: “In a certain town there was a judge who neither feared God nor cared what people thought. And there was a widow in that town who kept coming to him with the plea, ‘Grant me justice against my adversary.’

“For some time he refused. But finally he said to himself, ‘Even though I don’t fear God or care what people think, yet because this widow keeps bothering me, I will see that she gets justice, so that she won’t eventually come and attack me!’”

And the Lord said, “Listen to what the unjust judge says. And will not God bring about justice for his chosen ones, who cry out to him day and night? Will he keep putting them off? I tell you, he will see that they get justice, and quickly. However, when the Son of Man comes, will he find faith on the earth?”

The Parable of the Pharisee and the Tax Collector

To some who were confident of their own righteousness and looked down on everyone else, Jesus told this parable: 10 “Two men went up to the temple to pray, one a Pharisee and the other a tax collector. 11 The Pharisee stood by himself and prayed: ‘God, I thank you that I am not like other people—robbers, evildoers, adulterers—or even like this tax collector. 12 I fast twice a week and give a tenth of all I get.’

13 “But the tax collector stood at a distance. He would not even look up to heaven, but beat his breast and said, ‘God, have mercy on me, a sinner.’

14 “I tell you that this man, rather than the other, went home justified before God. For all those who exalt themselves will be humbled, and those who humble themselves will be exalted.”

The Little Children and Jesus

15 People were also bringing babies to Jesus for him to place his hands on them. When the disciples saw this, they rebuked them. 16 But Jesus called the children to him and said, “Let the little children come to me, and do not hinder them, for the kingdom of God belongs to such as these. 17 Truly I tell you, anyone who will not receive the kingdom of God like a little child will never enter it.”

The Rich and the Kingdom of God

18 A certain ruler asked him, “Good teacher, what must I do to inherit eternal life?”

19 “Why do you call me good?” Jesus answered. “No one is good—except God alone. 20 You know the commandments: ‘You shall not commit adultery, you shall not murder, you shall not steal, you shall not give false testimony, honor your father and mother.’[a]

21 “All these I have kept since I was a boy,” he said.

22 When Jesus heard this, he said to him, “You still lack one thing. Sell everything you have and give to the poor, and you will have treasure in heaven. Then come, follow me.”

23 When he heard this, he became very sad, because he was very wealthy. 24 Jesus looked at him and said, “How hard it is for the rich to enter the kingdom of God! 25 Indeed, it is easier for a camel to go through the eye of a needle than for someone who is rich to enter the kingdom of God.”

26 Those who heard this asked, “Who then can be saved?”

27 Jesus replied, “What is impossible with man is possible with God.”

28 Peter said to him, “We have left all we had to follow you!”

29 “Truly I tell you,” Jesus said to them, “no one who has left home or wife or brothers or sisters or parents or children for the sake of the kingdom of God 30 will fail to receive many times as much in this age, and in the age to come eternal life.”

Jesus Predicts His Death a Third Time

31 Jesus took the Twelve aside and told them, “We are going up to Jerusalem, and everything that is written by the prophets about the Son of Man will be fulfilled. 32 He will be delivered over to the Gentiles. They will mock him, insult him and spit on him; 33 they will flog him and kill him. On the third day he will rise again.”

34 The disciples did not understand any of this. Its meaning was hidden from them, and they did not know what he was talking about.

A Blind Beggar Receives His Sight

35 As Jesus approached Jericho, a blind man was sitting by the roadside begging. 36 When he heard the crowd going by, he asked what was happening. 37 They told him, “Jesus of Nazareth is passing by.”

38 He called out, “Jesus, Son of David, have mercy on me!”

39 Those who led the way rebuked him and told him to be quiet, but he shouted all the more, “Son of David, have mercy on me!”

40 Jesus stopped and ordered the man to be brought to him. When he came near, Jesus asked him, 41 “What do you want me to do for you?”

“Lord, I want to see,” he replied.

42 Jesus said to him, “Receive your sight; your faith has healed you.” 43 Immediately he received his sight and followed Jesus, praising God. When all the people saw it, they also praised God.

Footnotes:

  1. Luke 18:20 Exodus 20:12-16; Deut. 5:16-20
New International Version (NIV)

Holy Bible, New International Version®, NIV® Copyright ©1973, 1978, 1984, 2011 by Biblica, Inc.® Used by permission. All rights reserved worldwide.

Viewing of
Cross references
Footnotes