A A A A A
Bible Book List

Евреите 5Macedonian New Testament (MNT)

Секој Првосвештеник е човек одбран да ги застапува луѓето пред Бог. Тој ги принесува нивните дарови за Бог и жртвите за нивните гревови. Тој може да биде нежен спрема луѓето, иако тие живеат во незнаење и често застрануваат, бидејќи и самиот е човек и има свои слабости. Поради своите слабости, тој мора да принесува жртви не само за гревовите на народот, туку и за сопствените гревови. Но никој не може да стане Првосвештеник само затоа што сака да има таква чест. Тој мора да биде повикан од Бога, како што беше повикан и Арон.

Така беше и со Христос. Тој не си ја додели Самиот на Себе честа да биде Првосвештеник, туку Бог Му рече:

„Ти си Мојот Син, денес Јас станав Твој Татко[a]!“

А на друго место Бог за Него вели:

„Ти си вечен Свештеник, според редот на Мелхиседек[b]!“

За време на Својот живот на Земјата Исус ги изнесуваше Своите молитви и молби низ гласен плач и низ солзи, упатени до Бог, Кој можеше да Го спаси од смрт. Молитвите Му беа услишани, заради почитта што Тој ја искажуваше спрема Бог. Иако Исус беше Божји Син, сепак, преку лични страдања мораше да дознае што значи да се биде послушен. На тој начин Исус стана совршен Првосвештеник и извор на вечно спасение за сите што Нему Му се послушни. 10 Затоа Бог Го одреди за Првосвештеник од редот на Мелхиседек.

Прекори за бавен духовен растеж

11 Толку многу работи имаме да ви зборуваме за ова, но се чини дека вам слушањето тешко ви паѓа и затоа слабо разбирате. 12 Веќе долго време сте христијани и досега требаше вие да подучувате други луѓе. Наместо тоа се уште некој треба вас да ве учи на првите лекции од Божјата порака. Уште сте како бебиња што можат да пијат само млеко и не можат да јадат тврда храна. 13 А тој што се храни само со млеко, во духовниот живот, се уште е дете и не умее да постапува праведно. 14 Тврдата храна е за зрелите, за оние што со постојана практика го имаат извежбано чувството да го разликуваат правилното од погрешното, и го извршуваат правилното.

Footnotes:

  1. Евреите 5:5 Буквално: денес Те родив.
  2. Евреите 5:6 На хебрејски: Малки-цедек. За значењето на името види 7:2. Во Стариот завет, за Мелхиседек се вели дека бил свештеник уште пред Арон, кој инаку се смета за прв свештеник. Ништо повеќе не се знае за Мелхиседек. Некои сметаат дека тоа име е симбол на Исус Христос и така го разбираат текстот од Евр. 7.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes