A A A A A
Bible Book List

Јаков 4Macedonian New Testament (MNT)

Пријателството со светот

Од каде произлегуваат судирите и кавгите меѓу вас? Зарем не произлегуваат од вашите необуздани страсти што постојано војуваат во вашите тела? Го посакувате тоа што го немате и ќе направите се за да го добиете! Подготвени сте дури и да убиете! Ќе пукнете од завист. Се карате, се расправате и пак не го добивате, бидејќи не го барате од Бог. А и кога барате - не добивате, бидејќи барате со грешни мотиви, за да ги задоволите вашите необуздани страсти.

Тоа е прељубодејство спрема Бог! Зар не знаете дека пријателството со овој свет значи непријателство со Бог!? Секој што ќе одбере да му биде пријател на овој свет, Му станува непријател на Бог. Зарем мислите дека Писмото попусто кажува дека духот што Бог го поставил да живее во нас до ревност копнее за нашата верност спрема Него?[a] Всушност, Бог е многу поблагонаклонет спрема нас, како што и кажува Светото Писмо:

„Бог им се противставува на гордите,

но спрема скромните е благонаклонет[b].“

Затоа, дозволете Бог да ве води. Противставете му се на Ѓаволот, па тој ќе побегне од вас! Приближете се кон Бог и Тој ќе се приближи кон вас! Грешните луѓе нека си ги измијат рацете, лицемерните нека си ги пречистат срцата. Нека жалат, нека тагуваат и нека плачат. Наместо да се смеат, нека тагуваат, наместо да се радуваат, нека жалат. 10 Бидете понизни пред Господ и Тој ќе ве воздигне!

Предупредување против критизерството

11 Пријатели мои, не зборувајте лошо еден против друг! Кој зборува против својот пријател христијанин или го осудува, тој го напаѓа и осудува Божјиот Закон. А ваша задача е да го исполнувате Божјиот Закон, а не да го оценувате! 12 Само Бог е Законодавец и Судија. Само Тој може да спасува или да уништува. Со кое право ти му судиш на твојот ближен!?

Грешна самоувереност

13 Слушнете ме сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе одиме во тој и тој град и таму една година ќе работиме, ќе тргуваме и ќе заработиме.“ 14 Што знаете вие за утрешниот ден? Од каде знаете дали утре ќе бидете живи? Вашиот живот е како утринската магла: ќе се појави за кратко и набргу исчезнува. 15 Треба да велите: „Ако е Божја волја, ќе бидеме живи и ќе го правиме ова или она.“ 16 Наместо тоа, вие самоуверено се фалите со вашите планови. Лошо е така да се фалите. 17 Греши секој што не прави добро, иако знае дека треба да го прави.

Footnotes:

  1. Јаков 4:5 Или: Духот што Бог го поставил во нас навистина се грижи за нас.
  2. Јаков 4:6 Поговорки (или: Изреки Соломонови) 3:34.
Macedonian New Testament (MNT)

Copyright 1999 by HBC Radosna Vest

  Back

1 of 1

You'll get this book and many others when you join Bible Gateway Plus. Learn more

Viewing of
Cross references
Footnotes